X
 30.12.2019 Култура

Џијан Емин: Концертот во Ројал фестивал хол - најзначаен

На крајот од годината сите природно се потсетуваме на годината што ни изминува, се мислиме што сме направиле убаво, што не, а  обично расте надежта дека ќе нѐ очекува подобра година. За Македонија беше година на големи предизвици. Со политика не можеме да се пофалиме, но со успеси во културата годинава, сигурно многу.

Ви претставуваме каква година имаа режисерката Тамара Котевска, режисерот Милчо Манчевски, диригентот Џијан Емин, актерките Весна Петрушевска и Тамара Ристоска, писателката Винка Саздова.


- 2019 на професионален план за мене беше исполнета со многу убави случувања и концерти од дијаметрално спротивен карактер. Moжеби најзначаен момент за мене беше концертот во една од најпрестижните сали во светот - Ројал фестивал хол во Лондон. Потоа би ги издвоил двата големи концерта со Македонската филхармонија во Градскиот парк во Скопје - „Ну погоди“ и „Љубов и револуција“, мултимедијалниот проект со 3Д-мапирање „И коњите ги убиваат, зарем не“, мултимедијалниот проект „Гласот на езерото“ посветен на Охридското Езеро, кој имаше повеќе од милион и пол посетители, многубројните настапи со новиот проект „Џијан Емин и Магичниот оркестар“, од кои посебно би го издвоил настапот во Античкиот театар во Охрид и настапот на Скопскиот џез-фестивал, концертот со феноменалниот контрабасист Рено Гарсија Фонс, настапот со „Љубојна“ и Македонска филхармонија, настапот со Влатко Стефановски и Филхармонијата, новогодишниот концерт со Војводинскиот симфониски оркестар и многу други настапи како диригент и музичар...

Покрај овие концертни активности, имав можност да работам како оркестратор и диригент на неколку филмови во холивудска продукција со композитори како Џејк Монако, Џејми Кристоферсон, на проекти со музика за видеоигри како „Фортнајт“, неколку анимациски филмови и имав можност да работам оркестрација на неколку албуми за „Универзал рекордс“.
Посакувам во 2020 да имаме чист воздух, ако може повеќе здрав разум и, секако, најмногу, љубов!
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура