Како да се спаси Преспанското Езеро од еколошка катастрофа, метода која може да ве спаси од операција на 'рбет, „По скалилата на успехот“ со Џијан Емин, две студентки од „Архитектонски факултет“ добија прва награда за дизајн на прозорец, инспирирани од филмот „Медена земја“. Што истражуваше тимот на Факултети.мк во изминатата недела?
Анета Бошевска
Болеста
мултиплекс склероза ја тера 39-годишната Анета Бошевска од Битола
најтешките моменти да ги преточува на платно. „Кога ни е најтешко, не смееме да се откажеме, со голема верба, надеж и љубов и невозможното станува возможно“, вели таа.
Џијан Емин
„Сите периоди од животот имаат влијание врз градењето и составувањето на една личност. Карактерот не може да се смени. Но, ако човек е отворен кон светот и кон нови работи, може да има исполнет живот“, вели
Џијан Емин, нашиот познат музичар во рубриката
„По скалилата на успехот“.
С. Стење (фото: Андреј Марјановиќ)
Има ли спас за
Преспанското Езеро? Едно од нашите три природни езера е пред голема еколошка катастрофа. Овој
природен бисер најдиректно ги почувствува климатските промени и годинава бележи намалување на водостојот и големо повлекување на водата. Постарите Преспанци со тага во очите и во душите раскажуваат до каде била водата пред две децении.
Д-р Димитар Вељановски / Фото: Борче Поповски
ПРТ-метода може да ве спаси од операција на 'рбет. Д-р Димитар Вељановски објаснува како се применува. Едно од најчестите болни искуства на речиси 80 отсто од луѓето во најпродуктивниот период од животот е лумбалната болка (во долниот дел од
грбот). Нејзината појава е толку масовна, а нејзината прогресивност толку голема, што болниот лумбален синдром се смета не само за медицински, туку и за социјален проблем.
Ѓурѓица Гојковиќ
Оперската пејачка Ѓурѓица Гојковиќ, која има српско-македонски корени, го живее својот
музички сон на виенската оперска сцена. Завршила студии на Конзерваториумот „Рихард Вагнер“ во
Виена, а во момeнтов интензивно се подготвува за многубројните претстојни настапи во Виена, Русија, Бугарија. Таа е постојан член на операта „Крипта Св. Петар“ од Виена.
Бојана Станковска (лево) и Пале Јанева / Фото: Борче Поповски
Студентки од Архитектонски, инспирирани од
„Медена земја“,
дизајнираа уникатен прозорец и освоија награда. Пале Јанева, која е петта година, и Бојана Станковска, која е втора година на студии, веќе подолго време се пријателки, а од годинава и цимерки. Тие добија прва награда за најдобар дизајн на облик на рамка за прозорец на конкурсот кој факултетот го организира со германската компанија за производство на прозорци и прозорски профили „Века“.
Екипата на „Медена земја“
Како Агенцијата за филм
ги подели парите за фестивали? На листата со одобрени проекти годинава не се наоѓа Фестивалот за креативен документарен филм
„Македокс“. Административна пречка е причината што фестивалот не е поддржан во овој рок на одлучување.
Лора Лазаревска
Лора Лазаревска е сертифициран толкувач на македонскиот
знаковен јазик. Оваа млада жена е глас во светот на тишината на глувите и наглувите лица. За нив, таа е врската со надворешниот свет.