Кинески суд денеска го осуди научникот Хе Џјенкуи, кој ги направи првите „генетички модифицирани“ бебиња, на три години затвор за нелегално практикување медицина.
Покрај затворската казна, тој беше осуден и со парична казна од 430 000 долари. Двајца негови соработници добија помали казни.
Жанг Ренли беше осуден на две години затвор, а Квим Жинџоу на една и пол година.
Хе, водечки истражувач, рече дека пред 13 месеци помогнал во создавање на првите генетички модифицирани бебиња, родени во ноември 2018 година.
Извор: МИА
Фото: BBC