X
 17.12.2018 Живот

Во Германија годинава родени 30.000 мигрантски бебиња

Во Германија оваа година се родени 30.000 бебиња на мигранти, додека германските власти предвидуваат намален број барања за азил до крајот на годината.

Германскиот весник „Билд“ објави прелиминарен извештај во кој се вели дека до крајот на годината ќе бидат исполнети околу 166.000 барања за азил.

Бројот на барања за азил е намален во споредба со 2017 година, кога изнесувал 198.317.

Во Германија во текот на 2015 и 2016 година влегоа повеќе од милион баратели на азил, најголем број од Сирија, Ирак и Авганистан. Оттогаш бројот на мигранти е значително намален.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот