Во австралиската држава Тасманија измерени се рекордни 40,8 Целзиусови степени, соопшти австралиското Метеоролошко биро.
За Тасманија, која е најблиску до Јужниот Пол, не се карактеристични високите температури, односно просечната температура на воздухот изнесува 20 степени.
- Причината за топлото време во Тасманија е што ветровите носат топол воздух - изјави метеорологот Лук Џонстон.
Најкритично е во државата Нов Јужен Велс, каде што се активни 43 пожари, а нивното гаснење е отежнато поради силниот ветер.
Во сите австралиски градови се откажани новогодишните огномети поради пожарите.
Извор: МИА