X
 21.05.2020 Наука

Објавено видео од последниот тасмански волк

Во видео од националната аудио и видео архива на Австралија се покажува последното познато видео од сега изумрениот тилацин или тасмански волк. Видеото било дел од патопис наречен „Тасманија, земја на чудата“, кој бил снимен во 1935, повеќе од една година откако било снимено претпоследното видео од тасманскиот волк, во декември 1933.

Од архивата велат дека има помалку од 12 видеа од тилацинот и додаваат дека сите се снимени во зоолошките градини во Тасманија и Англија. Сите заедно, овие 12 видеа траат околу три минути. Последното видео кое тукушто излезе во јавноста трае 21 секунда.


Фото: YouTube

Последниот тасмански волк угинал на 7 септември 1936, само една година по снимањето на видеото. Се претпоставува дека патописот бил снимен од режисерот Сидни Кук во зоолошката градина во Тасманија, но Кук никогаш не го завршил проектот.


Видеото од тасманскиот волк било објавено од страна на архивата порано неделава. Од архивата се надеваат деќа ќе пронајдат видео од еден од последните тасмански волци во боја или некое на кое биде снимен и звук од животното.


Автор: Џејмс Крамп
Извор: independent.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука