X
 28.06.2016 Здравје

Што вели науката за ладењето во текот на вежбањето на лето?

Високите температури претставуваат проблем за спортистите, особено атлетичарите. Така, олимписките атлетичари ќе мора да се соочуваат со високи температури и притоа да се натпреваруваат. Токму затоа, спортските федерации низ светот собрале тимови од лекари кои ги истражуваат најдобрите начини за соочување со жешкото време. Што откриваат тие?


Истражувачите откриле дека голема улога игра сонцето. Имено, тие споредиле резултати од трка на исти велосипедисти во просторија со температура од 30 степени. Единствената разлика била во симулираната соларна радијација.

Резултатите покажале дека просечното време на умор било 45 минути без сонце и 22 минути со сонце. Доколку мора да вежбате на директно сонце, најдобар начин да се заштитите е да останете под сенка што подолго, велат истражувачите.

Изладете се со вода

Доколку имате една чаша студена вода и сакате да се изладите, дали би ја испиле или истуриле на вашата глава? Истражувачите ќе ве советуваат да го сторите второто.

Со пиење губите 39 килоџули топлина, додека со истурање на главата губите 81 килоџули топлина. Доколку ја истурите водата на главата и ја пуштите да испари ќе изгубите 607 килоџули.

Сепак, постои шанса дека ќе истурите голем дел од водата на дното и ќе ја изгубите. Освен тоа, доколку ја испиете водата, со тоа ќе бидете и хидрирани.

Изуми за ладење


Некои атлетичари годинава во Рио де Жанеиро ќе носат елеци за ладење. Елеците се полни со специјален гел кој се активира кога доаѓа во допир со вода и потоа обезбедува ладење до 72 часа. Ова е најновиот изум кој станува стандардна практика за атлетичарите кои се натпреваруваат во жешки услови.

Освен елеци, некои атлетичари носат и ракавици и марами за ладење. Некои експерти сметаат дека овие изуми го ладат телото само однадвор, додека температурата во телото и брзината на чукањето на срцето само се зголемуваат.

Конечно, дури и со најдобрата технологија за ладење најважно е да се задржи брзината и да не се очекува невозможното.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје