X
 30.12.2020 Живот

Брачен пар изградил реплика на Кеопсовата пирамида во својот двор: Висока е 13 метри, а има и саркофаг

Во близина на Санкт Петербург, во селото Истинка, сопружниците Андреј и Викторија Вакрушева се одлучиле на еден необичен потег - да изградат реплика од најголемата египетска пирамида, односно Кеопсовата пирамида во Гиза. Тие сакале пирамидата да биде што поавтентична, така што направиле реплика и од подземните одаи и од саркофагот.

Како што наведуваат руските медиуми, Андреј и Викторија отсекогаш биле фасцинирани од древниот Египет, па многу пати ја посетиле Кеопсовата пирамида, па ја анализирале до најситниот детал. Така, по враќањето од едно од нивните патувања, одлучиле во своето село да изградат реплика од Кеопсовата пирамида.

За изградба на пирамидата биле потрошени 400 тони бетон, а проектот сè уште не е завршен. Поточно, внатрешноста на пирамидата сè уште не е направена така како што сопствениците ја замислуваат. Иако ќе помине некое време пред проектот да биде завршен, сопствениците веќе им наплаќаат влез на љубопитните туристи кои сакаат да го поминат своето време во пирамидата и да ја истражуваат или едноставно да се релаксираат во оваа необична зграда.

Андреј и Викторија немаат намера да застанат тука, па веќе прават нацрт за египетски храм кој ќе биде поврзан со пирамидата со помош на подземен тунел.



Извор: Jutarnji.hr
Фото: Andrej & Viktorija Vakruseva
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот