За многу луѓе, будењето на божиќното утро со совршен бел снег е празничен сон.
Многу песни и филмови кои ги прикажуваат Нова година и Божиќ ја поттикнуваат желбата на луѓето да доживеат снежен Божиќ.
За жал, за многумина ова е само сон бидејќи белиот Божиќ е редок, дури и во земјите каде што порано беше нормално да имаат снег на овој празник.
Сепак, постојат неколку градови во Европа каде што е поголема веројатноста да се доживее бел Божиќ.
Веб-страницата Besteonlinecasinos.com направи анализа на историските податоци за снег од 2000 до 2020 година за декември, за 70 града низ Европа. Следните фактори биле земени предвид: просечните снежни денови во декември, просечната длабочина на снегот во декември и на Божиќ и вкупниот број бели божиќни денови.
Вадуц во Лихтенштајн е европски град со најголема веројатност да има бел Божиќ (оцена 98,6/100). Од 2000 година главниот град на Лихтенштајн на Божиќ забележал снег 21 пат, со просечна длабочина од 73,99 см.
Минск, Белорусија, е на второ место со оцена за бел Божиќ од 94,09 од 100. Жителите на Минск доживуваат снег во просек 27 дена во декември и имале 18 бели божиќни денови од 2000 година.
На трето место е Софија, Бугарија. Во бугарската престолнина во декември паѓа снег во просек 26 дена, а од 2000 година снег паѓа на 17 божиќни денови.
Сараево во Босна и Херцеговина е на четвртото место со оцена 90,73 од 100.
Првата петорка ја заокружува Вилнус во Литванија со оцена 88,14 од 100.
Извор:
b92.net
Фото:
Instagram