Ќерка ми има 22 месеци и до некој степен е темпераментна, но лесно се разбиравме за секојдневните работи лесно. Почна да оди во градинка и се разболи, па почна да добива напади на бес и лутина за сѐ и сешто, до степен што вените ѝ се познаваа на вратот и неколку пати си ја удри главата од паркет. Сонот ѝ се наруши, војуваме за да заспие, а и храната е сведена на минимум. Од докторите кои ја следат од мала имаме мислење дека е здрава, комуникативна и многу паметна. Кажува многу зборови и поврзува прости реченици. Овие денови едноставно ни се пекол. Мораме константно да ѝ угодуваме, а зборот „не“ е нејзин закон. Што да правиме?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк