X
 31.01.2019 Живот

Aвстралија гори, Чикаго се замрзнува - тоа за нас значи само едно

Луѓето често треба да се потсетуваат дека планетата Земја има две лица. Додека на северната хемисфера владее зима, на јужната е лето. Луѓето често се фокусираат само на подрачјето каде што живеат и не ги земаат предвид споменатите факти.

Моментално, на два различни краја имаме екстремни температури. Во Чикаго оваа недела се очекуваат ниски температури опасни за живот и рекордно студен воздух. Од друга страна, Аделаида и други делови на Австралија се на удар на топлотен бран.

Инаку, Чикаго се нарекува и Ветровитиот град, а студенилото со кое се соочуваат граѓаните навистина заслужува да биде на сите насловни страници.



Прогнозата од метеоролошката служба укажува дека повеќе дена по ред наредната недела би можеле да имаат температура од -20 степени и да биде уште постудено. Колку за информација, Чикаго во 150 години мерења имал само 15 дена со температури под -20 степени. Исто така, постои можност во Чикаго највисоката дневна температура да не ја помине нулата, што се случило двапати во 20 години, односно 22 пати во изминатите 100 години.

А сега е јасно дека ќе биде и многу постудено. Понекогаш чувството на студ ќе биде како да е -40 степени.

Националната метеоролошка служба во овој град објави на „Твитер“ графикон што укажува на студеното време и студените ветрови опасни за живот во средината на работната недела. Што е причината?

1
Фото: Twitter


Со оглед на тоа што толку екстремно студените временски услови се сѐ почести, јасно е зошто студеното време толку ѝ го привлече вниманието на јавноста. Метеоролошки гледано, откако составот на низок притисок ќе ги донесе зимските врнежи на американскиот Среден запад, многу студениот состав на висок притисок ќе се смести во средината на неделата над северниот дел на американските Големи рамнини.

Според предвидувањата, составот на низок притисок во среда ќе биде близу Големите Езера. На северната хемисфера, циркулацијата околу високиот притисок ќе биде во насока на движењето на стрелките на часовникот, а циркулацијата поврзана со нискиот оди во спротивна насока. Ова значи дека протокот на воздухот и разликите во притисокот ќе предизвикаат протокот на ладниот воздух да се прелива заедно со силните ветрови.

temperatura
Фото: Twitter


Бидејќи северната хемисфера на Земјата во моментов се наведнува од Сонцето, во тој дел е зима. Јужната половина моментално добива сончева енергија повеќе и поинтензивно и затоа таму е лето.

Градот Аделаида минатата недела го сруши 80-годишниот рекорд со температура од 46,6 Целзиусови степени. Заводот за метеорологија на Јужна Австралија на 24 јануари објави:

- Аделаида сега е австралиска топлотна метропола, во 15:35 беше 46,6 степени, со што е срушен досегашниот рекорд на Мелбурн од 46,4 степени. Други рекорди: Вајала 48,5 степени, Леј Крик 46,9 степени и Порт Август 49,1 степени.

Многу експерти предвидуваат дека поради бруталниот топлотен бран што не застанува во јануари, во некои делови од Австралија ќе биде најжешко досега. Топлотниот бран досега предизвика многу здравствени проблеми, прекин на електричната енергија, опасности од пожар и прекин на тенискиот турнир Австралијан опен. Стагнирањето на подрачјето на висок притисок над Јужна Австралија значи уште поголемо загревање на воздухот и поголеми услови на суша.

Неодамнешниот извештај на австралиската влада предупредува на уште поголемата закана од вакви топлотни бранови.

- Австралиската клима се загреа за нешто повеќе од еден степен од 1910 година, што доведе до сѐ почести периоди на екстремна топлина. Дојде и до долгорочно зголемување на фреквенцијата на временските услови што предизвикуваат пожари - се вели во извештајот на австралиската влада и се предупредува дека ќе има сѐ повеќе топли денови, топлотни бранови и сѐ помалку екстремен студ.

Земјата јасно ја покажува својата сезонска и хемисферична природа, но треба да се има на ум дека метеоролошките екстреми, а не процеси, се она што го забележуваме низ планетата. Тоа е доказ дека не одиме во добра насока, и дека имаме сериозен проблем.

И понатаму не верувате во смртоносните климатски промени за кои сме само ние виновни? Само продолжете, па ќе видите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот