X
 28.06.2016 Економија

Скандал во Австралија! Измама со лажни визи

Австралиски лица вработени во Секторот за имиграција во владата добиле отказ поради корупција за доделување лажни визи. Според повеќе медиуми, истрагата открила дека директорот на Секторот за миграции, Мајкл Пезуло, бил вмешан во 132 случаи на корупција во секторот.


Изминатата година, Граничната полиција во Австралија истражувала криминални синдикати вклучени во измами со системот за визи. Еден од поранешните вработени во секторот, Џозеф Петијански, посочува дека граѓаните ги игнорираат местата каде што се случуваат вистинските измами со визите бидејќи нивното внимание било свртено кон пристигнувањата со брод.

Во истрагата на медиумите се открива дека луѓето навистина плаќаат за да создадат работа која не постои и да создадат услуга која никогаш не се извршува и со тоа се добива трајна виза, која не е лажна. Луѓето кои стоеле на другата страна од измамата ги создавале лажните документи со лажните податоци за плати и работни односи за се' да изгледа реално. Луѓето плаќале и до 50.000 долари за ова.

Повеќе лица признале дека биле вклучени во процесот на измама. Клинт Рејвен е еден од нив, кој бил вклучен во процесот додека работел во компанијата „Murphy Pipe and Civil“.

Тој открива за Еј-Би-Си дека „како бизнис доделувале или спонзорирале визи за работници како проект-координатори, администратори, на места кои не постоеле, додека вистинските работни места на луѓето биле потешки и помалку платени“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија