X
 03.07.2017 Живот

Најмладата извршна директорка во светот има само 16 години

Додека летниот распуст обично е време кога учениците се опуштаат, 16 годишната Али Китинас има свој бизнис за кој треба да се погрижи.

извршна директорка

„Од време на време, вистински предизвик е да се пронајде вистинскиот баланс. Но мислам дека тоа се случува и со останатите работи“, вели младата Али.

„Работам обично навечер. Често пати се задлабочувам во нешто и сакам да продолжам да работам, но знам дека морам да легнам бидејќи сум на училиште наредниот ден“, вели таа.

На 11 годишна возраст, Али започна со маркетинг на социјалните медиуми, во обид да заработи нешто правејќи го она што го сака.

Подоцна, овие пари ги вложи во нејзиниот сегашен бизнис, правејќи и продавајќи пудра за тело со помош на две хуманитарни групи. Дел од нејзината заработувачка од во „The Hope Foundation Hospital“, која обезбедува медицински услуги за група на деца во индискиот град Калкута.

Али започнала со создавање на пудрата кратко време после посетата на оваа област.

„Многу од овие девојки беа на моја возраст и им беа потребни услуги од болницата. Јас веќе правев пилинг за тело од кафе како подароци, па видов одлична потенцијална соработка“, вели Али.

Претприемачките вештини на Али неодамна ѝ овозможија таа да учествува во меѓународна менторска програма со социјално-ориентирани деловни лидери, вклучувајќи го и основачот на „Virgin“, Ричард Бренсон.

По враќањето дома, таа се пријави во Сент Винсент де Пол за учество во годишното „CEO Sleepout“ - иницијатива каде најуспешните бизнис луѓе во Австралија спиат на улиците за да ја подигнат свеста за бездомништвото.

Али беше прифатена, со што таа стана најмладата личност која некогаш учествувала во иницијативата која досега привлече повеќе од 5 милиони долари. Нејзиното учество беше посебно поддржано од нејзината мајка, Лин Китинас, која живеела на улица кога била на возраст на Али.

„Спиев во картонска кутија, престојував кај пријатели, спиев во цркви. Беше студено, страшно. Имаше многу насилство“, изјави мајката на Али.

Извршниот директор на Свети Винсент де Пол, Џек Де Гроу изјави дека бројките на бездомни лица се зголемија во изминативе неколку години поради недостатокот на акции преземени од владата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот