X
 02.06.2015 Живот

Поучна приказна за таткото и синот

Како родители, честопати се наоѓате во ситуација каде го запоставувате своето дете затоа што работите или сте уморни од работа. Времето е пари денес, а луѓето честопати забораваат на најважните работи тркајќи се со него. На „Фејсбук“ се прошири приказна за татко и син која има важна поука.

„Таткото се враќа дома од работа доцна, уморен и нервозен, и го наоѓа претгодишниот син како го чека на врата.

Син: Тато, може да те прашам нешто?

Татко: Да, секако, кажи?

Син: Тато, колку заработуваш на час?

Татко: Тоа не ти е грижа. Зошто ме прашуваш?

Син: Само сакав да знам. Те молам кажи ми.

Татко: Доколку баш мора да знаеш, заработувам 50 евра на час.

Син: Ох, тато, може да ми позајмиш 25 евра?

Таткото бил бесен.

Татко: Доколку единствената причина затоа што ми бараш пари е да купиш некаква играчка или слична бесмислица, оди во соба и размисли зошто си толку себичен. Јас не работам секој ден за такви детски глупости!

Детето тивко заминало во соба и затворило врата. Таткото станал уште понервозен поради неговото прашање. По одреден период, тој започнал да се прашува зошто му требаат парите бидејќи најчесто не бара пари од него. Отишол во неговата соба и отворил врата.

Татко: Спиеш, сине?

Син: Не, тато.

Татко: Размислував, можеби бев престрог кон тебе. Имав тежок ден. Еве ти 25 евра.

Детето се исправило весело.

Син: Ох, фала ти, тато!

Таткото случајно видел дека синот имал скриени пари. Го прашал зошто му барал пари кога веќе има. 

Син: Затоа што немав доволно, а сега имам. Тато, сега имам 50 евра. Може ли да купам час од твоето време? Те молам, утре дојди дома порано. Сакам да вечерам со тебе.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот