Потрошувачите се навикнати да им бидат достапни сите производи во текот на годината, без разлика дали се работи за овошје или зеленчук.
Папаја, манго и многу други овошја може да се купат речиси секој ден, но прашање е дали ќе бидат достапни во иднина.
Така, продавницата „Алди“ во Швајцарија одлучи дека од почетокот на годината нема да продава т.н. летечко овошје во Швајцарија со кое има намера да заштеди околу 5.000 тони јаглероден диоксид. Продавницата смета дека има доволен асортиман на овошје и зеленчук, без овошје кое треба да се донесе со авион.
Сега „Алди“ истото ќе го спроведе и во Германија, а постапката ќе биде иста како и во Швајцарија.
- И ние нема повеќе да нудиме овошје и зеленчук што се пренесуваат со авион. Дополнително, „Алди“ континуирано проверува дали може да се најдат алтернативи за воздушниот транспорт, а да се одржи истиот квалитет на производот - објаснува портпаролката на компанијата.
Што е „летечко овошје“?
Овошјето кое се транспортира со авион од местото на одгледување до потрошувачот се нарекува „летечко овошје“. Бидејќи времето за воздушен транспорт е кратко, плодовите може да се берат кога се зрели.
За споредба, многу видови егзотични овошја се собираат незрели и се транспортираат со брод во фрижидер. По пристигнувањето на нивната дестинација, потребно им е време за да созреат.
Таквото овошје релативно брзо се расипува, но неговиот квалитет може значително да се зголеми со брз транспорт. Тука се вклучени папаја, банани, ананас и манго.