X
 21.04.2019 Живот

По овој необичен потег, супермаркетот ја зголемил заработката за 300 отсто

Сопственикот на супермаркет во новозеландскиот град Крајстчрч одлучил да ги исфрли пластичните пакувања на овошје и зеленчук.

Тоа резултирало со зголемување на бројот на купувачите и пораст на продажбата на одредени производи за дури 300 отсто.

Акцијата наречена „Гола храна“ („Food in the nude“) ја почнал Најџел Бонд, сопственик на супермаркетот што припаѓа на синџирот супермаркети „Њу Ворлд“.

„Голата храна“ за брзо време станала вистински хит меѓу купувачите, а продажбата на одредени производи, како кромидот, била зголемена за 300 отсто.

- Кога во супермаркетот на полиците изложивме овошје и зеленчук без пластично пакување, бројот на купувачи одеднаш значително се зголеми. Се сеќавам дека како дете со родителите купував овошје и зеленчук на штандовите и сè уште се сеќавам на мирисот на свеж цитрус и кромид. Со пакувањето на производите во пластика на луѓето им го одзедовме тоа искуство - вели Најџел.

Тој има 30-годишно искуство во трговија и бил свесен дека наглите промени во начинот на работа понекогаш може да предизвикаат катастрофални последици, но со овој потег добил само позитивна повратна информација.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот