X
 23.03.2018 Наука

Боите во математиката

Во далечната 1852 година математичарот Франсис Гатри забележал дека не му се потребни повеќе од четири бои додека ги боел мапите. Се запрашал дали четири бои се доволни за секоја карта, и ако се, зошто е така?

Ова прашање го поставил математичарот Де Морган, но ни тој не го знаел одговорот, па прашањето го проследил Хамилтон. Сер Хамилтон не бил фасциниран од прашањето, веројатно поради тоа што проблемот погрешно се сведувал на докажување на неможноста пет области да делат заедничка граница.

Подоцна, познатиот британски математичар Артур Кејли го претставил истиот проблем на лондонското математичко друштво. Една година подоцна, Артур Кемп објавил статија во која тврдел дека ја докажал претпоставката. Тој доказ бил прифатен до 1890 година, кога Перси Џон Хивуд пронашол грешка.

Многу математичари и аматери со години работеле на проблемот, некои дури и цел свој животен век, но не дошле до решението на проблемот, кој звучи толку едноставно. Во 1976 година, користејќи ги тврдењата на Кемп за редуцибилноста и Хишовиот алгоритам, Кенет Апел и Волфганг Хакен успеале да докажат претпоставка, но со помош на компјутер.

Овој проблем бил од голема важност за понатамошниот развој на теоријата на графиконите. Иако едноставно е формулиран, тој е многу тежок. Во теоријата на графиконите боењето е посебен случај за обележување на графикони.

Во својата наједноставна форма, јазлите на графиконите се бојат така што два соседни јазли не треба да бидат обоени со иста боја. На сличен начин, при боење на гранката, на секоја гранка се доделува боја така што две соседни гранки не се обоени со иста боја; боењето на областите на графиконите претставува доделување на боја на секоја област (регион) така што две области кои имаат заедничка гранка не се обоени со иста боја.

Која е бојата на вселената?


Повеќето луѓе на ова прашање ќе одговорат со црна, виолетова или сина боја.

Доколку бараме просек од светлината и боите во вселената, би добиле космичка беж-боја. Но кога би го зеле истото светло, наместо целиот спектар на бои да го сметаме во целина и да го пропуштиме низ призмата, тоа би создало виножито од сите бои што имаме можност да ги видиме на Земјата.

За да добиеме слика од таа светлина, научниците ги набљудувале податоците добиени со набљудување на светлината во 200.000 галаксии. Тие создале „вселенски спектрум“ за да го претстават збирот на целокупната енергија во вселената која се емитира на различни светлосни должини.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука