X
 31.03.2017 Живот

Утрински ритуал кој ќе ви го разубави денот според Далај Лама

Како ви започнува денот? Сигурно со исклучување на алармот неколку пати пред едвај да се извлечете од кревет. 

Секако, постои подобар начин - зошто да не го прегрнете денот со благодарност и љубезност? Што ако си кажеме себеси дека ќе го искористиме денот максимално што можеме?

Дали би постигнале повеќе? Дали би биле повнимателни и почувствителни кон другите? Според Далај Лама, одговорот е да. Еве како тој препорачува да го започнете утрото.

Секој ден, со секое ваше будење, помислете среќен сум што сум жив, што имам скапоцен човечки живот и што нема да го потрошам залудно. Ќе ја искористам цела енергија за да се развијам себеси, да го проширам моето срце кон другите; да постигнам просветлување за доброто на сите суштества. Ќе имам љубезни мисли кон другите, нема да се лутам или да мислам лошо за другите. Ќе им помогнам на другите колку што можам“.

За да дојдете до овој позитивен начин на размислување, можете да практикувате медитација.

1. Најдете удобна положба
- може да биде стол, перница или лежечка позиција.

2. Релаксирајте го вашето тело -
обидете се да го почувствувате телото, опуштете ја целата телесна напнатост и релаксирајте се. Дишете.

3. Дишете природно - почувствувајте го природниот проток на воздухот. Не треба да преземете ништо во врска со вашето дишење. Едноставно дишете - ниту долго, ниту кратко, само природно.

4. Бидете љубезни кон вашиот ум - да, мислите ќе ви шетаат низ глава и вашиот ум ќе талка некаде. Ова е природно и може да му се случи секому. Едноставно прифатете дека мислата е таму и вратете го вниманието кон вашето дишење.

5. Останете во положба пет до седум минути - само толку ви е потребно. Обидете се да се фокусирате на дишењето.

6. Проверете пред да завршите - после неколку минути, проверете ги вашите телесни сензации уште еднаш и релаксирајте ја напнатоста како што издишувате.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот