X
 25.05.2021 Живот

4 утрински рутини поддржани од невронауката

Можеби вашата утринска рутина вклучува шолја кафе и појадок, но можеби баш таа рутина не ги активира нервните патишта што ја зголемуваат вашата продуктивност, меморијата, креативноста или ентузијазмот за тој ден.

Овие четири начини поддржани од невронауката ќе ви помогнат да ја однесете утринската рутина на едно сосема ново ниво.

1. Одете на прошетка

Сите знаеме дека вежбањето ослободува ендорфин, кој предизвикува мозокот и телото да станат повнимателни и поенергични. Но, според британското списание за спортска медицина, не треба да бидете маратонец за да го започнете со вежба.

Нешто едноставно како пешачењето се покажа дека ги подобрува меморијата и сознанието. Во истражувањето, кај луѓето со прекумерна тежина и нормална когнитивна функција биле споредени седењето и вежбањето со непрекинатото седење.

Вежбата била во форма на 30-минутно пешачење со умерен интензитет и седење 30 минути со мал 3-минутен прекин на лесно одење. Бил извршен „Когстејт“, тест за когнитивни способности за да се проценат психомоторната функција, вниманието, извршната функција, визуелното учење и работната меморија.

Истражувачите откриле дека работната меморија и извршната функција биле подобрени со вежбање, особено кај оние што практикувале брза 30-минутна прошетка наутро кога се буделе.

Значи, ако практикувате утринска прошетка, веќе сте на вистинскиот пат. Но, без понатамошно вежбање на секои 30 минути, вашите неврони нема да растат, нема да ги одржувате онака како што треба и нема да функционираат како што треба.

2. Појадок или не

За децата и адолесцентите, појадокот е задолжителен. Всушност, „Фронтиерс ин хјуман нуросајнес“ наведува дека зголемената фреквенција на рутинскиот појадок позитивно се поврзувала  со академските перформанси, а некои докази посочуваат дека квалитетот на појадокот бил позитивно поврзан со училишните перформанси.

Но, што е со возрасните? Дали појадокот ја зголемува моќта на мозокот во текот на денот?

1
Фото: Freepik

Едно истражување од 2016 година вели дека не е баш така. По прегледот на 38 истражувања, научниците откриле наоди кои сугерираат дека иако здравите возрасни лица покажуваат мала, но силна предност во меморијата кога станува збор за појадувањето, други аспекти на когнитивното искуство, како што се вниманието, моторната и извршната функција и јазикот, варираат и се разликуваат.

Иако се чини дека меморијата е погодена од појадокот, важно е да правите иста работа секој ден, или барем нешто слично, за нивото на шеќер во крвта да остане релативно стабилно. Најважно за вашиот мозок е нивото на шеќер во крвта да не скокне или да не падне, па добро би било да појадувате малку овошје или да се напиете чај наутро - но, тоа треба да ви стане рутина, а не одлука во последен момент.

3. Тишина

„ТЕД-говорите“ за Стив Џобс и Алберт Ајнштајн ви кажуваат колку е важна практиката на утринска медитација. Но, реалноста е дека малку мир и тишина ќе ви дадат малку време да го обработите денот.

Без овие моменти што ни даваат можност да си измислиме сценарија во нашите глави, да создадеме дијалог за да ја ослободиме напнатоста од незгодни меѓучовечки средби или да сонуваме за иднината, мозокот нема да има време за игра и, следствено, нема да има време за решавање на проблемите. Ако успеете да создадете време кога ќе можете да седите во тишина наутро, ќе ги подобрите креативноста и способностите за решавање проблеми во остатокот од денот.

2
Фото: Freepik

4. Листа со обврски

Последното нешто на оваа листа може да е нешто со кое не би сакале да се соочат поради обемот на обврските и работата.

Истражување од 2011 година од Државниот универзитет во Флорида покажува дека составувањето листа со обврски што треба да се направат во текот на денот го ослободува стресот наместо да го стимулира. Хипотезата на истражувачите е дека придонесот кон извршување на целите преку креирање планови може да ги задоволи различните когнитивни процеси кои обично промовираат извршување на целите.

Истражувачите откриле дека недовршените цели без план за акција навлегуваат во умот на учесниците, предизвикувајќи лош перформанс за време на задачата. Од друга страна, обврските запишани на листата што треба да се направат им овозможува на учесниците да формулираат специфични планови за нивните неостварени цели.

Извор: Theladders.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот