X
 31.03.2019 Живот

Дали месото е здраво кога ќе му истече рокот?

Најнова студија покажа дека колбасите, шницлите и сланината можат да бидат безбедни за употреба дури и неколку недели по истекот на рокот. Секако, треба да знаеме како да ги чуваме.

Било испитувано колку долго може да трае црвеното месо пред да се активира смртоносната бактерија Clostridium botulinum. Било заклучено дека говедското месо е добро за употреба дури и до 50 дена, јагнешкото до 35, а свинското до 25 дена.

Од британската Агенција за стандард на храната истакнуваат дека вакуумираните месни продукти, кои се чуваат на 3 Целзиусови степени, можат да стојат 10 дена. Ова е препорака затоа што месото кое стои развива бактерии што можат да предизвикаат труење и разни болести.

Меѓутоа, британската Асоцијација за обработка на месото спровела истражување и дошла до малку поинакви податоци. Оттаму докажале дека рокот на траење на овие намирници може да биде продолжен.

Без оглед на тоа, реалноста е дека супермаркетите исфрлаат тони месо поради истекување на назначениот датум за употреба.

Правилото од 10 дена важи за храната што се подготвува од свежо месо, како што се колбасите или шунката.

ЕУ им дозволува на производителите на месо сами да го одредат рокот на употреба на овие намирници, но за мене тоа е злоупотреба на храната. Имено, месото може да трае и до 50 дена, но во одредени услови. Кога купувачот ќе го купи од маркет, прашање е дали ќе го чува во исти услови.

Дејвид Линдарс од Асоцијацијата за обработка на месо вели дека е важно луѓето да се научат како да го складираат месото, а потоа да можат безбедно да го употребуваат.

Производителите при одредувањето на датумот за истек на рокот ги сметаат и транспортот и складирањето кај купувач и ја скратуваат назначената употреба. Асоцијацијата не бара од нив да го продолжат тоа време за 50 дена, колку што покажало истражувањето дека може да се користат намирниците.

Кое месо не е безбедно за употреба?

Доколку изедете месо што не е здраво, може да се отруете и затоа е важно да знаете да ги селектирате намирниците.

Месото што почнало да добива сива или зелена боја треба веднаш да се фрли.

Замрзнатото месо е безбедно до моментот додека првпат не се одмрзне.

Како најдобро да се спречи непотребното фрлање на месото?

Фрлањето на намирниците е еден од начините на кои бесцелно се трошат пари. На тој начин никако не можете да заштедите. Но, доколку следите некои упатства, во паричникот ќе ви останат повеќе пари, а и стомакот ќе ви биде полн.

Планирајте ги оброците

Кога знаете кој е рокот на употреба на намирниците во вашиот фрижидер, како и колку се свежи овошјето и зеленчукот што сте ги купиле, тогаш можете во однос на тоа на што му се ближи рокот да го планирате консумирањето на храната. Имено, прво искористете ги намирниците на кои првин им истекува рокот, а потоа изедете ги оние што наскоро нема да бидат веќе свежи.

Подготвувајте храна во порции

Кога имате поголема количина месо за замрзнување, убаво е да ја поделите на помали порции кои поединечно ќе ги одмрзнувате за употреба. На тој начин едно исто месо може да се чува подолго од еден месец.

Правилно замрзнувајте ја храната

Многу луѓе веруваат дека месото може да се замрзне само на денот кога ќе се купи, но грешат. Месото што не примило чуден мирис можете да го замрзнете и неколку дена по купувањето, но под услов да стоело во фрижидер.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот