X
 23.03.2020 Наука

Оранжериите во Холандија фотографирани ноќе

Јужно од Амстердам има оранжерии што се дел од обидот на државата да произведува колку што е можно повеќе храна.

- Тие се простираат на огромен регион и не е важно во која насока гледате, оранжериите се насекаде - вели фотографот Том Хеген.

Хеген неодамна ги фотографирал оранжериите навечер од птичја перспектива.

Со оранжериите може да се намали потрошувачката на вода и да се одбегне употребата на пестициди. Тоа станува многу важно со оглед на тоа што светското население се зголемува и експертите тврдат дека на Земјата нема доволно ресурси за да ги задоволи сите. Холандија е мала, но е втор најголем извезувач на храна според вредност на глобално ниво. Голема улога во ова играат растенијата произведени во оранжериите.



Некои фарми се се адаптираат на новите технологии и користат иновативни методи, како „Дуијвестијн Томејтос“. Станува збор за фарма која користи геотермална енергија за да ги загрее своите оранжерии. Фармата користи и јаглероден диоксид кој го произведува рафинеријата во близина за да го забрза растењето на растенијата.  


ЛЕД-светлата што се гледаат на фотографиите на Хеген трошат многу електрична енергија. Иако тие не се гледаат од улиците, видливи се одгоре. Оваа светлина може да ги дизориентира птиците што мигрираат. Некои научници тврдат дека обидот да се произведе што повеќе храна е погрешен и води до интензивно користење ѓубриво. Освен тоа, како што оранжериите ги заменуваат традиционалните фарми, се намалуваат и локациите погодни за живот на птиците и дивиот свет.

Преку фотографиите Хеген се надева дека ќе ги отвори прашањата за влијанието на модерното земјоделство врз околината.

Автор: Адел Питерс
Извор: fastcompany.com 

Фото; Instagram sreenshot

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука