X
 16.12.2022 Здравје

Зошто некогаш чувствувате поголема потреба за солена храна?

Солената храна често е повкусна, но дали некогаш чувствувате дека на вашето тело му треба повеќе сол?

Препорачаното количество сол е под 1.500 милиграми дневно, а максимални 2.300 милиграми дневно, според Американското здружение за срце. Многумина внесуваат повеќе од ова количество. Доколку се прашувате зошто имате потреба од повеќе солена храна, следуваат неколку можни причини.

Вежбате многу

Нашето тело губи натриум кога се потиме, а тоа создава потреба од повеќе солена храна. На пример, долгото џогирање може да предизвика потреба од повеќе сол од нормално.

Дехидрирани сте

Дехидратацијата, исто така, може да се покаже како потреба за сол. Ова се случува кога телото нема доволно течности за да функционира нормално, а потребата за солена храна е начин на кој телото ви кажува да јадете или да пиете повеќе течности.


Фото: Pixabay

ПМС

Доколку сакате да јадете солена храна пред менструацијата, не сте единствени. Предменструалниот синдром (ПМС) може да предизвика потреба за солена храна.

Под стрес сте

Тешкиот ден на работа може да ве поттикне да јадете солена храна. Ова се јавува како резултат на здодевност или стрес, според експертите.

Не спиете доволно

Недостигот на сон може да доведе до поголема желба за солена храна, според истражување од 2013 година. Експертите препорачуваат од 7 до 9 часа сон секоја ноќ.

Прави да се чувствувате добро

Можеби чувствувате потреба за сол бидејќи солената храна прави да се чувствувате добро бидејќи го поттикнува лачењето на хормонот допамин, кој ве прави среќни. Солената и слатката храна може да дејствуваат како дрога за мозокот, особено кога станува збор за вкусната брза храна.


Фото: Pixabay

Сетилото за вкус е навикнато на повеќе сол

Доколку долго време јадете солена храна, вашето тело можеби е навикнато на натриумот и смета дека повеќе сол е нормално. Точно е и спротивното, луѓето може да сметаат дека нешто е пресолено само затоа што не се навикнати на солена храна.

Скриен здравствен проблем

Ова се случува ретко, но некои здравствени состојби може да доведат до поголема потреба за сол. Адисоновата болест се јавува кога телото не произведува доволно хормони, а симптомите се екстремен умор, болка во мускулите, губење на косата, низок шеќер во крвта и болка во стомакот.

Бартеровиот синдром, кој ги напаѓа бубрезите, исто така може да доведе до желба за солена храна. Симптоми на болеста се слабост во мускулите, пречесто уринирање и умор.

Извор: Huffpost
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје