Проблемот со купувањето намирници е што тешко може да се остане фокусиран на природната храна, кога наоколу има изобилство од други производи. Иако Вашите намери се да купите нешто поздраво, често се случува да посегнете и по не толку здрави намирници.
Фото: Pixabay
Ако се прашувате како пазаруваат нутриционистите и кои се нивните омилени производи, овде ќе ги најдете одговорите.
Сурова храна
Нутриционистите би Ви препорачале да вклучите шест бои во вид на сурова исхрана дневно. Обидете се да ги вклучите коренестите зеленчуци затоа што тие се со малку калории и може да јадете многу без да добиете килажа. Карфиолот со сецкан кромид е добра опција за салада и печени моркови. Друга добра идеја е супа од тикви со ѓумбир и ким која може да се послужи со грчки јогурт за да додадете протеини и крекери со ленено семе.
Кога станува збор за овошје најдобри се сите видови на шумските плодови и бобинките. Нив може да ги најдете во замрзната форма, а добро е да ги консумирате секојдневно.
Млечни производи
Многу луѓе се нетолерантни на лактоза. Впрочем, препорачливо е да ја избегнувате дури и кога не пречи на Вашиот организам или да консумирате млечни производи со помалку лактоза. Консумирајте млечни производи со пробиотици кои се добри за гастроинтестиналниот систем и се добар извор на калциум. Исто така козјите млечни производи се со помалку масти. Избегнувајте го оризовото и кокосовото млеко, а преферирајте да јадете јајца. Тие иако не се млечни производи, спаѓаат во оваа група.
Месо / Риба
Не Ви се потребни месо и месни производи за да функционирате и да бидете здрави. Мисиркиното и пилешкото месо се добри да ги консумирате, но да не претерувате, а што се однесува до рибата може да јадете буквално сѐ. Тие се евтини, вкусни, со многу протеини, со малку јаглехидрати – соодветни за многу диети и ограничувања во исхраната.
Зрнеста храна
Добро е да ја земете дозата јаглехидрати преку
производи како моркови, ориз, цвекло или компир за вечера. Од оризот може да направите и сладок десерт, а самиот факт дека јадете десерт со сигурност ќе Ви го покачи нивото на серотонинот и ќе Ви помогне подобро да спиете.