X
 04.04.2023 Наука

Професорот кој живее 100 дена под вода откри нов животински вид

Минатиот месец професорот Џозеф Дитури од Универзитетот на Јужна Флорида откри план да живее под вода 100 дена. Сега тој тврди дека открил нов вид за време на неговиот престој под водата. Дитури живее под површината на водата над еден месец.

- Најдовме едноклеточен цилијат, едноклеточен организам за кој веруваме дека е сосема нов вид - изјавил Дитури.

Примерокот на новиот вид треба да биде анализиран од страна на микробиолози за да се потврди дали навистина станува збор за нов вид.

Во меѓувреме, Дитури вели дека се чувствува прекрасно под водата. Моментално тој ја тестира неговата хипотеза дека зголемениот притисок во подводни услови може да доведе до подобрување на здравјето. Тој очекува да има зголемена циркулација на матични клетки и зголемена густина на коските и мускулите, меѓу другото.


Претходно рекордот за најдолг престој под вода бил 73 дена. Дитури изјави дека не му е важно да го собори рекордот, туку да живее под вода и да ја тестира хипотезата.

Медицински професионалци постојано го следат Дитури за да го анализираат неговото здравје. Во меѓувреме, тој прави и физички и психолошки тестови.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: University of South Florida 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука