Постојат градови што имаат свои симболи и архитектонски чуда што мора да ги видите. Но, има и такви кои се атракција со самото нивно постоење. Еден од нив е францускиот средновековен град Динан.
Динан се наоѓа во северозападниот дел на Франција, во познатата провинција и полуостровот Бретања. За разлика од повеќето други градови што биле формирани во долините на реката Ранс, Динан никнал на ридот и токму поради тоа нуди
волшебен поглед.
Шармантниот средновековен град ја зачувал својата архитектура уште од 13 век, а поради неговите одбранбени sидови, шетајќи низ улиците, имате впечаток дека сте патувале со временска машина.
За својата живописност, може да му се заблагодари на пристаништето каде што се наоѓаат старите камени куќи - во многу од нив денес има ресторани, кафулиња и продавници. Пристаништето нуди прекрасен поглед на камениот вијадукт кој се надвиснува над градот и реката.
Постои и рид на кој можете да се искачите поминувајќи низ тесните улици со калдрма, со разнобојни куќи направени од дрво и камен.
Додека одите, ќе поминете покрај студија, продавници за сувенири, книжарници, работилници за стакло - сè поради што Динан ја заслужува титулата „град на уметноста и историјата“. Витрините на излозите честопати се големи и датираат од средниот век, кога се купувале од улица низ излогот, без да се влегува во продавницата.
Град - атракција
Некои го опишуваат како град што е атракција сам по себе затоа што во него нема ништо што би било исклучително или што го симболизира градот.
Други, пак, го опишуваат како град од бајките на браќата Грим.
За оние што се буквално жедни за фино француско вино, постои „Ри де ла Кордони“. Локалните жители ја нарекуваат „жедна улица“ бидејќи токму тука се наоѓаат повеќето стари кафулиња и барови.
Локалниот туристички одбор посочува дека многумина одвојуваат еден ден да го обиколат Динан или како дел од еднодневно патување од друг француски град - но откако ќе пристигнат, одлучуваат да останат подолго.
Извор:
Nationalgeographics.rs
Фото:
Instagram