На 30 и 31 мај Британскиот совет одржа регионална конференција во Подгорица, Црна Гора, во рамките на Програмата на Европската Унија за млади професионалци во Западниот Балкан. За време на настанот учесниците презентираа резултати од истражувањето за клучните предизвици при пристапување на Западниот Балкан кон Европската Унија и дискутираа за знаењето стекнато на оваа тема. Дискусиите беа збогатени со искуствата на учесниците како јавни службеници. Конференцијата се покажа како одлична платформа за младите професионалци да го идентификуваат знаењето стекнато за време на процесот за напредок во пристапувањето кон ЕУ и истото да го искористат за зајакнување на јавната администрација во регионот.
На конференцијата присуствуваа и Ивана Глишевиќ-Ѓуровиќ (заменик главен преговарач - национален ИПА-координатор, Канцеларија за интеграција) која изјави: „Оваа конференција, покрај тоа што претставува успешен крај на вториот циклус на ЕУ-шемата за млади професионалци во Западен Балкан, исто така е и знак за нашата заедничка успешна работа, соработка и напори што ги вложуваме во нашиот раст и во нашата иднина“.
За време на оваа програма, финансирана од Европската Унија и реализирана од Британскиот совет, втора група млади службеници од Западен Балкан поминаа две недели на „Sciences Po“ во Париз во декември 2017 година, присуствуваа на програмата на Европскиот колеџ во Бриж во јануари 2018 година и беа дел од регионалната размена во шест земји. За време на регионалната размена, секоја од шесте групи спроведе истражување од значење за Европската Унија и развојот на земјите во Западниот Балкан. Николас Чендорвиц (главен заменик-раководител за регионална соработка и програми во Западниот Балкан при Европската комисија – Генерален директорат за соседство и преговори за проширување) изјави: „Вие сте генерација на државни службеници кои ќе ги внесат вашите земји во ЕУ. Горд сум што ја поддржав оваа шема која ќе ја развие вашата јавна администрација и ќе ја промовира регионалната соработка меѓу државните службеници. Се надевам дека ќе ги одржувате мрежите што ги создадовте во текот на месеците на имплементација на шемата, и истата ќе ви служи за инспирација во вашата секојдневна работа“.
Целта на конференцијата во Подгорица беше да се презентираат резултатите од истражувањата на сите шест групи и да се дискутира улогата на младите службеници во модерната и ефикасна јавна администрација во регионот. На конференцијата се разработуваа теми како ЕУ-преговорите, програмите за реформи во јавната администрација, секторот на ЕУ за финансиска поддршка на програми, стратешко планирање и ефективна имплементација на ЕУ ИПА проекти, добри меѓусоседски односи и регионална соработка во рамките на ЕУ и Западниот Балкан, како и програмата на ЕУ за поврзување на земјите.
На конференцијата присуствуваа и Клер Сирс (директор на Британски совет за Западен Балкан): „Британскиот совет со задоволство ја спроведува оваа програма во име на комисијата. Програмата е многу добар проект што ја поддржува реформската агенда, ги гради капацитетите на институциите и им дава на младите професионалци вештини што им се потребни за просперитетна иднина. Програмата исто така гради одлични мрежи за соработка низ целиот регион.”