На 12 мај, со почеток од 9 часот, во хотел „Мериот“ во Скопје ќе се одржи првата македонска конференција за фриленсери.
Целта на
„1st Freelance Conference“ е да го поддржи дополнителниот развој на фриленс екосистемот, да одговори на најважните прашања со кои се соочуваат активните чинители во фриленс-заедницата и дополнително да мотивира активно вклучување во глобалната фриленс-економија.
Конференцијата се организира како дел од RECONOMY програмата - регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Impact Foundation и други организации во Источното партнерство и Западен Балкан.
- Навистина сме среќни што првпат ќе имаме можност на едно место да ја собереме домашната фриленс-заедница и претставниците на најважните чинители кои се тесно поврзани со нивното функционирање, да поставиме прашања, да споделиме искуства и на крај да излеземе со повеќе знаења што ќе донесат еден дополнителен boost во севкупниот развој на фриленс екосистемот - велат организаторите.
Во фокусот на овогодишната конференција ќе бидат четири водечки теми: Законски и административни предизвици во градењето кариера во фриленсинг; Социјални права на здравствено и пензиско осигурување за фриленсерите; Трендови за дигитални вештини на пазарот на труд и Вклучување разнородни социјални групи во фриленсинг. Исто така, ќе биде организиран и панел со успешни домашни фриленсери кои со присутните ќе ги споделат своите приказни и искуства во нивната лична фриленсерска „експедиција“.
Присуството на „1st Freelance Conference“ е бесплатно, но поради ограничениот број места, потребна е претходна регистрација преку формата на овој
ЛИНК.
(Комерцијална објава)