X
 04.03.2020 Технологија

Креативци што работеле на „Спајдермен“, „Игра на троновите“... ќе дојдат во Скопје на втората M3Conference

Светски директори на анимации, специјалисти за визуелни ефекти, кинематографери, арт-директори на анимирани филмови – „Спајдермен“, „Приказна за играчките“,„Терминатор“, „Игра на троновите“ од 20 до 22 март ќе учествуваат на втората M3Conference во Скопје, која ќе се одржи во Македонската филхармонија.

Највлијателни личности од светот на компјутерската графика, вклучувајќи ги 3Д-областа, анимацијата, филмската продукција, производството на игри, виртуелната реалност, доаѓајќи од врвни компании и студија, ќе ги споделат своите искуства на темите за кои важат за експерти на интернационално ниво.

Конференцијата за компјутерска графика, анимација и 3Д ја организира М3ДС Академијата. Тридневната конференција има цел да соедини дел од глобалните лидери во технологијата, иновациите и бизнисот. 

Кој сè ќе биде гостин на конференцијата? Ви претставуваме дел од гостите.




Боби Кодингтон доаѓа од Insomniac Games, а на M3Conference ќе зборува за создавањето на „Спајдермен“ на „Марвел“. Како директор на анимација, тој е практично одговорен за ригување и анимација на карактери, водење на текот на работите низ тимовите, целосно насочување со стил, работа со камера, лице и околина.
Кодингтон има работено со писатели и сценаристи за приказната на „Спајдермен“, како и со директори и креативни режисери за развој на ликовите.




Адам Фигиески
Од втората до осмата и последната сезона на „Игра на троновите“ Адам Фигиески нè носи низ патувањето на креација на змејовите да изгледаат вистински, дури и премногу реални. Воедно, се уочуваат и создавањето и еволуцијата при различните креации на замоци, бродови, визуелни ефекти како додатоци при борбите, поставување, продолжување и многу повеќе.
За својата работа на втората сезона на ,,Играта на троновите“ на Ејч-би-о, тој ја освои наградата „Прајмтајм Еми аворд“ за извонредни визуелни ефекти, што подоцна му ја донесе и VES Award наградата.



Мохит Калијанпур

Како директор за кинематографија и осветлување на „Снежното кралство 2“, Мохит Калијанпур го надгледуваше тимот на талентирани артисти од „Волт Дизни“ студијата за анимација, кои помогнаа да се реализира филмот со врвен квалитет. Калијанпур е артист во „Дизни анимејшн студиос“ од 1996 година, а бил ангажиран и на првиот филм „Снежното кралство“ во 2013, кој доби „Оскар“ за најдобра анимација.



Мара Мекмахон, моделар и ригер во „Пиксар“

Мекмахон работела на наградуваниот краток филм ,,Bao“ во продукција на „Пиксар“, кој беше објавен пред светски познатиот анимиран филм „Неверојатните 2“.
Со враќањето на Бо Пип во „Приказна за играчките 4“, уметниците имале задача да го оживеат повеќедеценискиот лик чиј живот испадна многу поразличен од тој на Вуди. На едукативното предавање таа ќе зборува за развојот на Бо Пип низ целиот тек на работата на тимот, почнувајќи од истражување на оригиналните средства за приказната за играчките и уметничките дела од архивите на „Пиксар“, одејќи преку еволуцијата во приказната и секторот за уметност, и конечно преку тимско местење, засенчување и приспособување.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија