X
 02.03.2016 Настани

Студентска конференција "Како си ми?"

Драги љубители на филологијата,

Ве покануваме на „Како си ми?“, студентска конференција што по вторпат ќе се одржи на 26.3.2016 г. во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. На неа се поканети да учествуваат наши колеги студенти од Филолошкиот факултет, но и од други факултети. Ќе бидат презентирани излагања на теми од повеќе области на филологијата.



За да може да учествувате треба да бидете студенти на додипломски студии, и тоа пред сѐ од Филолошкиот факултет и од Филозофскиот факултет, но ги охрабруваме да се пријават и студентите од другите факултети чии дисциплини имаат допирни точки со филологија. Напоменуваме дека излагањата може да бидат индивидуални или групни.

Конференцијата ќе се состои од излагања од 10 минути по кои ќе следува дискусија. Темите на излагањата може да бидат од областа на филологијата, т.е. лингвистиката, книжевноста (може и прикази на книги), методиката, преведувањето или толкувањето, или што било друго поврзано со нив. Темите може да бидат и споредбени, на пример помеѓу два или повеќе јазика. Работниот јазик на конференцијата е македонски.

Рокот за пријавување е заклучно со 6.3.2016 г. Испратете ни ваши податоци, тема на излагањето и апстракт (од 150 до 200 збора) на kakosimi.flf@gmail.com.

Идејата е со оваа конференција да го поттикнеме интересот кај студентите за истражувачка работа, јавна презентација и дискусија на темите што нѐ интересираат за време на нашите студии.

Сите се добредојдени да учествуваат и да присуствуваат на конференцијата,
Ве очекуваме!
Тимот на „Како си ми?“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани