X
 18.06.2015 Култура

Мал остров во Шкотска забележал злосторство после половина век

Малиот шкотски остров Кана го забележа првото злосторство после половина век.


Имено, некој извршил кражба во отворен козметички дуќан. Крадецот украл шест волнени капи, неколку козметички производи и пари од касата. Последната кражба на островот била во 1960-те години кога некој украл дрвени градежни плочи, пишуваат странските медиуми.

- Крадците ги испразниле полиците со слатки, кафе, батерии и слични производи. Сопствениците на продавницата се најмногу вознемирени поради 6-те волнени капи кои биле рачно изработени - велат од полицијата.

Полицијата додава дека сопствениците на продавницата можеби ќе мора да преземат драстични мерки за воведување заштита за спречување на уште вакви случки на островот на кој живеат помалку од 30 жители.

- За жал, тоа значи дека ќе мора да започнеме да ги заклучуваме вратите од продавниците во текот на ноќта. Порано ги остававме отклучени за рибарите да може да купуваат што им треба, да се одморат и да го користат интернетот додека ноќеваат овде - додаваат од полицијата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура