X
 04.02.2016 Образование

Како ќе изгледаат факултетите за 10-20 години?

Студентското искуство било приближно исто во текот на изминатите 100 години. Одбирате област, наоѓате факултет, ги купувате книгите, одите на предавања, пишувате семинарски работи, полагате испити, земате оцени, дипломирате.


Со години, факултетот бил најдобриот пат до успехот. Но, како што се зголемуваат трошоците за студирање низ светот, студентите заочнуваат да се прашуваат колкава е вистинската вредност на високото образование. Експертите велат дека во следните 10-15 години, студентското искуство ќе се промени.

Предавалните ќе исчезнат, улогата на професорот ќе биде различна а технологијата ќе го направи високото образование подостапно и повредно. Можеби ќе се затворат многу институции, но оние кои ќе останат ќе бидат иновативни и ефикасни. Како ќе изгледаат тие?

Фокус на вештини, не семестри

За студентите денес, успехот се мери со освоени кредити. Но, кредитите не гарантираат дека студенот нешто научил и дека ќе биде добар работник. Во едно истражување, 60% од работодавците се пожалиле дека кандидатите за работа немаат вештини за комуникација и соработка. Тие не можат да препознаат и решат проблем, да преговараат или да одржат состанок. За студентите во иднината, овие вештини ќе бидат цел во учењето. Факултетите низ светот веќе реагираат на оваа побарувачка со програми наменети за добивање вакви вештини.

Хибридна диплома


Главниот страв меѓу академците е дека онлајн-образованието целосно ќе го замени кампусот и професорот. Ова веројатно нема да се случи, барем не наскоро. Студентите сè уште ја гледаат вредноста на традиционалното образование во поглед на запознавање нови луѓе и добивање нови идеи. Но, тие нема да имаат потреба да одат на предавања 4 години наскоро. Воведните курсеви може лесно да бидат заменети од онлајн-курсевите. Резултатот може да биде комбинација од традиционално и онлајн-образование.


Нови програми

Универзитетите ќе се променат од места кои даваат информации во места кои нудат развој, па со тоа и студиските програми се менуваат. Наместо диплома во биологија, ќе постојат дипломи во биологија и глобално здравје, неврологија или претприемништво.


Крајот на предавањата

Новите факултети повеќе ќе изгледаат како училници во градинка отколку амфитеатри, со помали групи и професор кој е водич. Предавањата повеќе ќе се фокусирани на вештини и менторство. Светот нема да остане без факултетски згради, но во следните 20 години нивниот изглед ќе се промени.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование