X
 10.10.2016 Образование

Пропратни нешта кои ќе ги научиме на факултет

Студирањето би требало да биде барем до некаде безгрижен период во животот, кога единствените наши грижи се поврзани со учењето и планирањето на луди забавни викенди. Некои луѓе мислат дека од факултетот ќе излезат со знаење на филозофот Ниче, па се разочаруваат кога сфаќаат дека за нештата научиле во живо преку лично искуство, освен она што им е потребно за струката.


студирање


Првото нешто што ќе го научите е дека студентскиот живот воопшто не е лесен и тоа како потсетува на "Ultimate Survival'' со Бери Грилс. Не се наоѓаме во дождовни шуми, но често се чувствуваме така, барем во оние денови кога ни се чини дека среќаваме повеќе мајмуни отколку луѓе на факултет.

Ајде, ајде, повеќето од тоа сепак не е попусто, одредени работи во животот подоцна ќе ни користат, па така спрема "ентузијастичкото" лице "на тетката од студенстки прашања" ќе разберете колку има заедничко со "службеничката од шалтерите“, која подоцна во животот ќе ја сретнуваме постојано.

По дипломирањето, на сите нас креативноста ни станува силна страна, бидејќи сме студирале и освен од материјалите за испити, сме научиле и многу други работи.

Штедењето е прво и основно што го учиш на факултет, како и поставување на приоритети.


студентска забава


Студентите не заработуваат изобилство на пари, и тука и таму, кога ќе се појави некоја журка, добро знаеме што следува: ни се лизга од раце некој ручек помалку. Не грижете се ако не се опаметите првиот пат кога такво нешто ќе се случи, бидејќи како што знаеме: повторувањето е мајка на знаењето!

Спомнавме приоритети, па да разјасниме: на факултет навистина учиме заедно на приоритети, а интересно е дека тие се менуваат од година во година.

Некои мислат дека прв приоритет им е учењето, се да положат, па поради тоа прегоруваат како сијалица. Во втората година се оди преку друга приоритетна крајност: само излегувања и забави! Но, кога ќе снемаме пари, тогаш знаеме дека Петок навечер наш приоритет е гледање на серија која бесплатно може да ја превземиме, и не мора да излезете надвор и да му наштетите на црниот дроб и паричникот.

Се учиме на толеранција многу брзо

За ова се особено свесни оние кои живеат со цимери во станот или во домот. Границите на толеранција се померуваат од ден на ден, така што можеме да станеме толерантни кон работите што пред тоа не сме можеле да ги поднесиме, како што е на пример, недостаток на хигиена на нашите цимери или постојано земање на храна од фрижидерот без некогаш да купат.


цимери


Учиме да бидиме целосно креативни, и ова се однесува на речиси сите области: од готвење, па до меморирање на книга  од 500 страници во два дена.

Со текот на времето, учиме дека тетката од студентски прашања не не мрази само нас, туку апсолутно сите студенти.

Ги учиме сите вештини за домаќинство, готвење и сето тоа во време на испитни рокови и кога треба “вистински“  да се учи.


готвење


Учиме дека ниту ние, ниту пак луѓето кои се многу постари од нас, всушност навистина немаат поим што да прават со својот живот.

Учиме што треба да се избегнува во менза, па го проширување своето знаење понатаму.

Искрено, учиме да лажиме без да трепнеме, особено кога ќе влеземе во амфитеатар (ова особено се однесува на ситуациите со професорите).

Добро се учиме да се носиме со мамурлакот, па ни станува вообичаено да дојдеме следниот ден малку “нацрвен“на предавања, а пропратно учиме дека сите други знаат дека сме пијани... вклучувајќи ги и професорите.

Учиме да лелекаме до бесвест какви личности и требаат на земјата со кои би се фалеле во иднина.

Преку следните години на студирање откриваме дека 30 годишниот Додо од друга страна, воопшто не е глупав што студира толку долго време. 

Пишува Ивана Петрич за “Мojfaks“
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование