X
 18.03.2018 Наука

Путин планира да прати Руси на Марс во 2019 година

Сега е 21 век, но овие денови потсетуваат на Студената војна. Се зборува за наводни руски напади врз американските институции (добро, сајбер напади, но сепак) и мешање во американските избори, поранешни руски шпиони се убиваат на британска територија итн. И сега Путин објави дека планира да испрати мисии со и без екипаж на Марс уште во 2019 година. Тој, исто така, планира да испрати мисии на Месечината и подлабоко во вселената.


Фото: Pixabay

Ако мисијата на Марс е успешна, фракцијата на Путин ќе стаса таму неколку години пред конкурентните мисии на SpaceX, која сака да испрати луѓе на Црвената планета во 2024 година) и НАСА (во 2030-тите). НАСА, исто така, планира да испрати уште една мисија без екипаж на Марс во 2020 година за да пронајде знаци на минат микробен живот. Илон Маск, извршниот директор на SpaceX, неодамна изјави дека планира да започне со тестирање на BFR, бродот кој би можел да ги однесе луѓето на Марс, малку порано од очекуваното, комплетирајќи ги првите тест летови до почетокот на 2019 година.

Рускиот претседател ги најави претстојните мисии во документарец поставен на руската социјална мрежа „Вконтакте“.

-Ние планираме лансирања без, а потоа и со екипаж - во длабоката вселена, како дел од лунарната програма и за истражување на Марс. Најскорешната мисија ќе се случи многу наскоро, планираме да лансираме мисија на Марс во 2019 година. Нашите специјалисти ќе се обидат да слетаат во близина на половите бидејќи постојат причини да се очекува вода таму - рече Путин

Тој не даде никакви дополнителни информации за тоа кога може да се случи лансирањето.

Ако нејзината неодамнешна активност е каква било индикација, Русија можеби нема да се покаже како силен конкурент во трката за стапнување на Црвената планета. Во 2011 година, руската сонда Фобос-Грунт беше упатена кон Марс, но наместо тоа, беше заробена во орбитата на Земјата и на крајот падна во Пацификот.

Путин, исто така, не објасни зошто сака да испрати Руси на Марс. Но, зошто секој сака да продолжи со истражување на вселената? Да ​​донесе слава на својата татковина, за понатамошно научно разбирање - и, да, за да се потврди меѓународната доминација.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука