Доколку ви е тешко да се сетите на името на наставниците од основно училиште или што сте јаделе вчера, треба да знаете дека тоа е природно. Долгорочното и краткорочното помнење имаат се влошуваат при стареењето. Меѓутоа, научниците знаат трикови со кои може да се забави или да се поништи овој процес.
Мирис на рузмарин
Научниците откриле дека одредени ароми може да влијаат врз когнитивните способности. Во истражување од 2003 година психолозите откриле дека лицата што биле во просторија која мирисала на рузмарин имале подобра меморија од луѓето во просторија без арома и оние во кабини со арома на масло од лаванда.
Фото: Pixabay
Храна
Научниците велат дека добрата исхрана е една од главните разлики помеѓу лицата што се витални во староста и оние што не се витални. За вашата меморија да остане на исто ниво како во младоста, јадете храна богата со антиоксиданси, како боровинки, јаболка, банани, темнозелен зеленчук, лук и морков.
Џвакајте
Никој не знае зошто, но истражувањата покажуваат дека гумата за џвакање го подобрува помнењето. Истражување од 2002 година спроведено во Обединетото Кралство покажало дека луѓето подобро помнат, долгорочно и краткорочно, кога џвакаат гума за џвакање.
Фото: Pixabay
Предизвикувајте го мозокот
За да го одржите мозокот во форма, принудете го да работи. Тешкото размислување го подобрува помнењето.
Спијте доволно
Кога ќе се исклучат светлата, мозокот продолжува да работи. Додека спиете, вашиот мозок репродуцира спомени и ги консолидира за долготрајно чување. Прескокнувањето на ноќното спиење може да предизвика мешање или губење на спомените кои подоцна нема да може да се вратат.
Пешачете
Физичката активност е добра за мускулите, но и ја зголемува сивата материја во мозокот. Истражувања покажале дека меморискиот центар во мозокот кој се нарекува хипокампус се намалува со годините, но постарите лица што редовно пешачат имаат поголем волумен на хипокампусот.
Извор:
Svijet Kulture
Фото: Pixabay