На Ејч-би-о пристигнува нова документарна серија за поранешниот американски претседател Барак Обама. „Обама: Во потрага по посовршен сојуз“ (Obama: In pursuit of a more perfect union) ќе има премиера на 4 август.
Во три епизоди, серијата нуди личен и политички поглед на поранешниот претседател додека државата се бори со историскиот проблем со расите.
Низ разговори со колегите, пријателите и критичарите, како и негови лични говори и интервјуа, ќе може да погледнеме во животот на Обама, почнувајќи од неговото детство до годините како лидер на САД.
Во серијата се појавуваат и писатели, новинари, политичари, советници и застапници кои работеле со Обама. Режисер на серијата е Питер Кунарт.
Извор:
Svijet Kulture
Фото: Screenshot/Youtube