X
 25.11.2016 Култура

Студентскиот живот на Барак Обама

Ако не по своите дела, Барак Обама во историјата ќе остане запомнет како првиот претседател на Америка од афроамериканско потекло. Овие дена треба да ја напушти Белата куќа, а „Netflix“ вчера објави трејлер за биографската драма „Barry“ - филм за студентскиот живот на Обама.

 

обама


Главната улога во драмата под режисерската палка на Викрам Ганди ќе ја толкува актерот Девон Терел, а во филмот се појавуваат и Ешли Џад, Ања Тејлор-Џој и Џена Елфман. Трејлерот прикажува некои од препреките со кои Обама се соочил во текот на студиите, како расистичкиот испад на полицајците, а составен дел од филмот е и романтичната приказна помеѓу претседателот и една девојка.

И самиот режисер Ганди и авторот на сценариото Адам Мансбах биле студенти на Универзитетот во Колумбија, исто како Обама.

Премиерата на филмот е закажана за 16 декември 2016 година.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура