Во рамките на проектот „YOUth Инклузија, еднаквост, доверба“ на УНДП е снимен документарниот филм „Моите, твоите, нашите улици“ (My Streets, Your Streets, Our Streets) во кој млади луѓе од Битола, Струга и Велес откриваат како го гледаат општеството и како ги доживуваат различностите.
- Повеќе се трудиме да бидеме со отворен ум и да можеме да ги прифатиме различностите на повеќе луѓе, додека пак, гледам дека постарите генерации се оние што вршат некаква дискриминација врз луѓето - вели Ангела Атанасовска, ученичка од Битола.
На сличен став се и други ученици од трите града. Во реалноста, различностите се забележуваат и некогаш се основа за дискриминација, според испитаниците.
- Бев единствена Ромка од целиот клас и кога ги прашав зошто Ромите ги нарекуваат Ѓупци ми рекоа: „Бидејќи тие го заслужуваат тоа“ - вели Мелиса Комина, здравствен медијатор од Битола.
Проектот „YOUth Инклузија, еднаквост, доверба“ има цел да ги поттикне младите од регионот да се вклучат во конструктивни наративи, зајакнување на меѓукултурниот дијалог, инклузија, родова еднаквост и создавање меѓусебно разбирање. Во рамките на проектот се предвидени обуки и дискусии за да им се овозможи на младите да најдат решенија за заедничките грижи – како што се родова нееднаквост, говор на омраза, лажни вести, недоверба, со своите врсници од другите територии во регионот.
(Комерцијална објава)