Пред четири години, Барак Обама потрошил 750 милиони долари на политичка кампања за да го задржи местото во Белата куќа. Чисто за споредба, толку пари се доволни за да се испрати човек на Месечината.
Моментално започнуваат политичките кампањи за избирање нов претседател на САД на изборите наредната година. 14-те кандидати се познати, а аналитичарите веќе пресметуваат рекорди во трошењето на кампањите.
На што се троши во една политичка кампања?
„
National journal“ визуелно ги претстави сите трошоци на Обама за време на изборите во 2012 година.
Поголемиот дел од сумата се троши на реклами
65% од фондот на Обама за кампањата од 2012 биле потрошени за реклами. Тука се телевизиските, радио, дигиталните и печатените реклами.
Годинава се очекува најмногу трошење на дигиталните реклами. Просечниот Американец троши 11 дена дневно на електронските медиуми. Во 2008, Обама потрошил 21,1 милиони долари на дигитални реклами, но во 2012 сумата изнесувала 74,5 милиони долари.
Некои компании се збогатуваат периодов
Со кампањата заработуваат и некои компании, особено маркетиншките. Стратегијата за рекламирање на Обама чинела 389,5 милиони долари. Друга маркетиншка консултантска група заработила 29,8 милиони долари за време на истите избори. „Американ експрес“ заработила 2,3 милиони долари.