Колку автори напишале книга со исто влијание како „Лолита“? Како што открива документарен филм од Би-би-си, оваа задача била тешка дури и за авторот Владимир Набоков.
Пишувањето на книгата го поттикнало Набоков да истражува нови естетски, културни и композициски области, како што покажуваат неговите записи за време на пишувањето на романот.
Фото: Владимир Набоков/Wikipedia
Главната тема на документарниот филм е искуството на Набоков со
пишувањето и објавувањето на „Лолита“ - книгата која потоа ќе го направи светски познат - како и искуствата што го овозможиле пишувањето на ова дело.
Филмот бил објавен во 1989, по 12 години од смртта на Набоков. Во него има интервју со неговиот син, неговиот биограф и помлади колеги, како Мартин Амис и Едмунд Вајт.
Извор:
openculture.com