Користењето велосипед наместо автомобил и новите начини за користење на ветерниците се само дел од напорите на Данците да се зачува нашата планета. Во продолжение следуваат неколку навики кои вреди да се копираат од овој народ.
Супермаркет за производи со изминат рок на траење
Статистиката вели дека се фрла една третина од целата храна произведена за човечка прехрана. Фрлањето храна е лошо бидејќи нејзиното производство и дистрибуција бараат значајни количини енергија и вода.
Во борбата против фрлање на храната, Данска го отворила првиот супермаркет во кој со намалена цена се продаваат производи со изминат рок на траење или оштетено пакување. Супермаркетот наречен „Ви фуд“ (WeFood) ги продава производите кои се отстранети од другите продавници, но може да се користат.
Кафе во рециклирани вреќички
„БКИ фудс“ (BKI Foods) е данска фирма која претставува пример за развој на нови одржливи решенија. Фирмата ги рециклира вреќичките за кафе, а промената е невидлива за око. На тој начин се намалуваат емисиите на јаглероден диоксид при производството на кафе.
Фото: Pixabay
Велосипеди наместо автомобили
Копенхаген е еден од најдобрите градови во светот за велосипедистите. Се смета дека 9 од 10 Данци поседуваат велосипед, а во 2018 година во Копенхаген имало 675.000 велосипеди и само 120.000 автомобили.
Музеј под земја
Националниот поморски музеј се наоѓа во близина на дворецот „Кронборг“. За да се зачува погледот од местото на кое се наоѓа дворецот, целиот музеј е изграден под земја.
„Нов живот“ на ветерниците
Данците сериозно го сфаќаат животот без непотребно фрлање работи. Градот Олборг ги пренамени старите ветерници во засолништа за велосипеди. Се проценува дека до 2050 година би можело да има огромен отпад од стари ветерници бидејќи тие се изградени од материјал кој тешко се рециклира.
Извор:
Punkufer
Насловна фотографија: Pixabay