X
 30.08.2023 Живот

Хартиените сламки се штетни за околината исто колку и пластичните, велат научници

Во последните неколку години хартиените сламки станаа многу популарен избор во угостителските објекти и за домашна употреба.

Сè поголем број земји ја забрануваат продажбата на пластични производи за еднократна употреба со цел да се заштити животната средина. Хартиените сламки се сметаат за еколошки, а пластичните станаа минато. Но, најново истражување покажува дека хартиените сламки можеби не се подобри за животната средина од пластичните.

Хартиените „еколошки“ сламки содржат долготрајни и потенцијално токсични хемикалии, а група белгиски научници предупредуваат дека тие можат да бидат штетни за луѓето. Имено, „долготрајни хемикалии“ кои се штетни за здравјето на човекот и животните и животната средина се пронајдени во 18 од 20 типа хартиени сламки.

Научниците тестирале 39 вида сламки направени од пет материјали - хартија, бамбус, стакло, не'рѓосувачки челик и пластика. Тие ги тестирале сламките за група синтетички хемикалии познати како перфлуороалкилни и полифлуороалкилни супстанции, а повеќето брендови (27 од 39) ги содржеле овие хемикалии.

Откриени се 18 различни хемикалии кои најчесто ги содржеле хартиените сламки.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот