X
 02.02.2021 Образование

УКЛО со Фондот за иновации и технолошки развој ќе ги поттикнува студентското претприемништво и иницијативност

Проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски, оствари средба со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров.

На состанокот е договорено да се воспостави поинтензивна соработка што ќе служи како врска меѓу знаењето, науката и иновациите. УКЛО со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој во претстојниот период ќе инспирира, едуцира и мотивира студенти, млади претприемачи и претприемачки, со тоа што ќе им обезбеди соодветна обука за создавање производи и услуги со локално, регионално и меѓународно влијание, со цел да ги зголемат капацитетите на Универзитетот, домашната економија и да создадат одржливо општество.

Во текот на февруари УКЛО и Фондот ќе одржат заедничка активност во Битола која ќе има задача да постави здрава основа да им помогне на студентите и професорите - потенцијални претприемачи од самата почетна фаза да го поттикнат иновативното размислување и да создадат можности да ги имплементираат и да ги финансираат своите идеи.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола ќе биде домаќин на директорот Петров и тим од Фондот за иновации и технолошки развој за преку заедничка хибридна конференција и работилница со студентите да се информираат за финансиската поддршка што овој државен фонд им ја нуди на студентите.

Инструментот за поддршка е грант за стартап-компании кои имаат цел да ги зголемат иновациите преку обезбедување на потребната финансиска поддршка за истражувачки и развојни активности на стартап и спиноф-компании.

1

Очекуваме алатката што ќе им ја понудиме со Фондот за иновации и технолошки развој да предизвика интерес кај студентите затоа што се стремиме кон култура на преземање ризици и поттикнување иновации и ќе им даде поддршка на младите иноватори заинтересирани за развој на нов или усовршен производ, процес или услуга. Инструментот поддржува проекти што се во фаза на утврдување на концептот од преткомерцијалната (претпазарната) фаза и со реалистичен план за комерцијализација.

Фондот за иновации и технолошки развој презентира нов инструмент за поддршка на домашните компании и високообразовните институции во развој на нови производи и услуги, а ќе се доделуваат на факултетите и истражувачките центри кои ќе остварат конкретна деловна соработка со домашните компании во истражување и развој. Петров нагласи дека преку овој инструмент големиот потенцијал и капацитет на образовните институции ќе може да се искористи во реалниот сектор.

- На овој начин високообразовните институции ќе станат извор и на иновации и на знаење во реалниот сектор, а истовремено со ова вложуваме и во идните академски граѓани кои низ проектите ќе може да работат на реални истражувања. Ова воспоставување екопростор помеѓу високообразовните институции и компаниите создава можност, од една страна, финансиските средства да не се одлеваат само на консултантски услуги и надвор од државата, а од друга, бизнис-секторот да ја зголеми финансиската поддршка во високото образование.

- Сигурна сум дека ова што го иницираме сега ќе успее да се развие во програма која системски ќе се гради и на крајот ќе видиме дека бизнис-секторот и научните установи ќе воспостават континуирана соработка во заеднички интерес со цел државата да ни се развива - порача Царовска. Таа додаде дека на овој начин ќе се зголеми учеството на БДП во научноистражувачки проекти, кое сега е на ниско ниво.

2

- Првпат државата воведува инструмент со кој директно поттикнува соработка меѓу академската заедница и бизнис-секторот во функција на економскиот развој. Она што е многу важно е дека директен корисник на финансиската поддршка се универзитетите, додека компаниите добиваат услуга од академскиот кадар - професори, асистенти и студенти. Нашата цел е директно да ја вклучиме академската заедница во економскиот развој на државата - изјави директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров.

Петров нагласи дека со ова се обезбедува поддршка од државата која досега недостигаше и поради која на глобално ниво Северна Македонија има ниски перформанси.

- Над 1.700 милијарди долари се вложувањата во Светот во истражување и развој. С Македонија вложува само 40 милиони, односно само 0,4% од БДП. Споредено со регионот, Словенија вложува 2,4% од БДП. Според Глобалниот иновациски индекс, државата има одлични перформанси според повеќе индикатори, но во овој дел досега заостанувавме - 112. од 131. рангирана земја. Но, ние решивме со директна акција да се обидеме да го намалиме заостанувањето и да ја приклучиме С Македонија во редот на земји што системски вложуваат во истражување и развој - нагласи Деспотовски.

Новина е дека повикот ќе биде отворен од први октомври, а веќе од истиот момент ќе може да се исплаќаат финансиски средства. Фондот првпат воведува нов принцип на доделување средства по принципот „прв дојден – прв услужен“, односно според редоследот на поднесувањето на комплетни апликации. Апликациите ќе се поднесуваат исклучиво по електронски пат, а рокот за аплицирање ќе трае додека не се доделат предвидените средства. Рокот за реализација на средствата од ваучерите ќе изнесува шест месеци.

фонд

Иновациските ваучери ќе можат да се искористат за покривање до 80% од вкупните трошоци на научноистражувачките услуги, во максимален износ од 500.000 денари, без данок на додадена вредност (ДДВ). Останатиот дел од 20% е учество на компанијата-корисник на услугите од факултетите.

Средствата ќе можат да се користат за активности како: развој на нови и подобрување на постојни производи, процеси или услуги; доказ на концепт, студија за изводливост, техничка спецификација, производство на лабораториски прототипови, изработка на демонстрациони прототипови, различни видови испитувања, валидација на технологија, советодавни услуги во врска со иновациска дејност, развој и воведување посебен софтвер за производ или процес, како и за специфични обуки во врска со развојот на технолошки решенија.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование