X
 31.08.2022 Економија

Земји со најголема инфлација годинава

Инфлацијата е голем проблем во целиот свет.

Зимбабве бележи рекордно висока инфлација од дури 257 отсто. Друга земја со екстремно висока инфлација е Либан со 210 отсто, а потоа Венецуела со 167 отсто.

Следуваат Судан со 149 отсто и Сирија со 139 отсто. Инфлацијата во Турција е на 80 отсто, а во Аргентина на 71 отсто.

Следуваат Шри Ланка со 61 отсто и Иран со 54 отсто. Листата со земји со рекордна инфлација ја затвора Молдавија со инфлација од 34 отсто.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика, инфлацијата во Македонија достигна 16 отсто во јули.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија