X
 26.12.2016 Образование

Основно училиште во кое наместо школарина се засадува дрво

За да ги охрабри сите ученици да се стекнат со образование, дури и ако нивните родители не можат да им го овозможат тоа, основно училиште во индиската држава Чатисгар бара од родителите да засадат дрво, наместо да плаќаат школарина.

Родителите треба да се грижат за дрвото. Доколку тоа овене, тие треба да купат ново и да го засадат - во споредба со трошоците за школарина во традиционално училиште е доста мал износ. А дополнителен бонус е помагањето да се подобри квалитетот на локалниот воздух.


садење на дрво

Училиштето се нарекува „Шикша Кутер“ и е лоцирано во градот Амбикапур во источниот дел на земјата. Најмалку 35 ученици на возраст меѓу четири и пет години изучуваат настава таму.

Иницијативата за отворање на ова училиште била поднесена од група на професионалци и бизнисмени како одговор и решение за огромниот број на даноци во индиското образование.

Во моментов, Владата троши само 3,9 отсто од буџетот на образование, што значи дека родителите се оставени да плаќаат голема школарина. а освен тоа и дополнително за книги и училиштен прибор.

Националната анкета објавена минатата година покажа дека во периодот меѓу 2008 и 2014 година, приватните трошоци се зголемиле за 175 отсто на 788 индиски рупии по ученик секоја година (или 100 американски долари). Ова може не звучи како голем износ, но за многу семејства особено во руралните области тоа не е прифатливо, особено ако се работи за основно училиште.

„Само во Њу Делхи, просечната потрошувачка за општото образование се зголеми три пати од 2008 година“- напишала Марија Томас за „Quartz“ минатата година.

Ова започнува токму од ниво на градинка, а родителите трошат повеќе пари за донации и даноци од трошоците за цената на дипломите на Универзитетот во Њу Делхи.


инидски образовен систем


Недостатокот на трошоците на Владата во образованието му наштетува на образованиот систем. Годишниот извештај од 2014 година за состојбата на инидското образование покажа дека речиси 20 проценти од учениците од второ одделение, на возраст од седум или осум години, не ги препознавале броевите од еден до девет.

Но, нудејќи прифатлив начин да ги врати учениците во училиштата, „Шикша Кутер“ има за цел да го поттикне образованието за сите. Досега, училиштето доби огромна реакција, односно 700 садници биле засадени низ селото во текот на минатата година.

„Шиша Кутер“ е отворено во селото за учениците кои се сиромашни и немаат пари да плаќаат даноци“-изјавил локалниот жител, Севак Дас.

Ова е мала иницијатива во мало село во Индија, но пристапот функционира па може да биде пример на кого другите училишта би се огледале. Оствен тоа има бенефиции за животната средина со оглед на тоа што загадувањето на воздухот во многу делови во Индија се влошува. Така на пример минатиот месец воздухот во Њу Делхи беше толку загаден што училиштата мораа да се затворат.

Иако садењето на неколку дрва нема да го реши толку брзо овој проблем, сепак иницирањето на семејствата да садат дрвја и да се грижат за нив и да го заменат ако растението овене е начин да се поттикне на акција за прочистување на воздухот, но и помага во едукацијата на идната генерација.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование