X
 31.08.2024 Забава

Сакате да гледате филмови на „Нетфликс“ додека сте офлајн? Еве како да го сторите тоа

Инструкциите што следуваат треба да функционираат за „иОС“, „Андроид“, „Амазон киндл фајр“, „Фајр“ таблет и „Хромбук“. Преземањата за „Виндоус“ веќе не се достапни.

Количината на содржина што може да ја преземете ќе зависи од тоа каква претплата користите. Во моментов, претплатата поддржана од реклами ви овозможува да преземате до 15 наслови месечно, што се ресетира на нула на почетокот на секој календарски месец. Претплатата без реклами нуди до 100 активни преземања одеднаш, по уред.

Како да преземете содржина од „Нетфликс“?

-Проверете дали ја имате ажурираната апликација на вашиот уред.
-Во апликацијата, одете до шоуто или филмот што сакате да го преземете.
-Изберете ја иконата „Преземи“, веднаш до шоуто или филмот што сакате да го гледате.
-Откако ќе се преземе, содржината ќе се појави во делот „Преземања“.
-Допрете го менито „Преземања на мобилни уреди“, или копчето „Мени“ во горниот лев агол на апликацијата за „Виндоус“.

Колку простор ви треба?

„Нетфликс“ нуди две нивоа на квалитет за преземања: стандардно и високо. Вториот е со висока дефиниција - до 1080п, во зависност од ТВ-шоуто или филмот. Стандардот зазема помалку простор и овозможува побрзо преземање содржини, додека високото зафаќа малку повеќе простор и бара повеќе трпение.

Како по правило, стандардниот квалитет е подобар за паметните телефони, а повисока резолуција се препорачува за таблети.

За да изберете, ќе треба да го лоцирате менито за поставки на апликацијата. Може да се вика „Повеќе“ или да се наоѓа под сликата на вашиот профил на „Амазон“, „Андроид“ (исто така во апликацијата „Хром“), или апликациите за паметни телефони за „иОС“. Таму, под „Преземања“, кликнете на „Квалитет на видео“ или „Преземи квалитет на видео“ (на „Андроид“) и изберете го саканиот квалитет.

Количината на простор за складирање од преземање зависи од должината на насловот и квалитетот на резолуцијата, како и од брзината на интернет-конекцијата што ја користите.

Што е достапно?


Не може да се преземе целата содржина на „Нетфликс“, но она што е достапно ќе го најдете под „Достапно за преземање“. Оваа категорија може да ја најдете под опциите за жанр кога ќе изберете ТВ-емисии или филмови. Ако барате одреден наслов, можете да проверите дали е подготвен за преземање со гледање на иконата „Преземи“ (стрелката се спушта надолу со хоризонтална линија под неа).

Постојат ограничувања за тоа колку пати можете да преземате одредени наслови и колку долго треба да ги гледате. На пример, не можете да преземате иста епизода од ТВ-серија повеќе од три пати во еден циклус на наплата. Дополнително, мора да го прегледате секој преземен наслов во рок од еден месец од преземањето, пред да истече периодот на офлајн гледање.

Исто така, не е можно да се преземат сите наслови повеќе од еднаш. Некои може да се преземат само еднаш поради договор за лиценцирање со мрежата што ги поседува. Овие наслови вообичаено истекуваат по една недела ако не ги гледате и ќе исчезнат 48 часа по првата репродукција.

Како да овозможите автоматско преземање?

„Преземања за вас“ ја користи вашата историја на гледање на „Нетфликс“ за да избира и презема филмови и ТВ-серии што одговараат на вашиот вкус. Оваа функција работи само кога сте поврзани на вај-фај.

-Отворете „Нетфликс“ и изберете го вашиот профил во долната лента за навигација.
-Изберете „Преземања“.
-Изберете „Поставки“.
-Користете ги плусевите и минусите во „Додели простор“ за да изберете ограничување за складирање.
-Изберете „Вклучи“.

Како да ги избришете насловите?


Бришењето е неопходно бидејќи може да имате достапни само 100 преземања истовремено. Постојат два метода за избор, во зависност од тоа колку содржина сакате да избришете одеднаш.

Бришење еден наслов


Ако сакате да избришете еден наслов, можете да го сторите тоа во „Мои преземања“. За „иОС“ и „Андроид“, изберете ја иконата со слика на молив што ќе ви даде можност да го изберете насловот што сакате да го избришете.

Избришете ги сите наслови

Отворете „Поставки“ и изберете „Избриши ги сите преземања“.

Извор: tportal.hr
Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава