X
 10.01.2025 Живот

Словенија воведува построги санкции за убиства во семејството

Министерството за правда на Словенија подготви предлог за измена на Кривичниот законик, кој предвидува построги санкции за убиства во семејства. Предлог-законот предвидува и кривично гонење за силување во брак, како и за во вонбрачна заедница, по службена должност.

Според изјавата на Миха Шепец од Правниот факултет во Марибор, предложеното уредување на Кривичниот законик во овој домен е неопходно и пожелно. Кривичниот законик, во поглавјето кое ги дефинира кривичните дела против животот и телото, во моментов разликува убиство од небрежност и насилно убиство.

Според предлог-амандманот, кој е утврден од Министерството за правда, се предлага во Кривичниот законик да се додаде дел кој се однесува на „лишување од живот во семејството“, што исто така се карактеризира како убиство. Според предлагачот, наведените околности се сумирани во одредбите од Кривичниот законик со кои е дефинирано кривичното дело семејно насилство, чиј крај може да биде одземање живот.

- Текстот на предложената нова одредба може да опфати и фемициди (партнерски убиства) и други убиства во рамките на вака дефинираните заедници, на пример, родители, баби и дедовци, деца, партнери, без разлика на полот - наведуваат од Министерството на правда на Словенија.

Извор: lolamagazin.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот