Од почетокот на следната година автомобилите во Франција ќе имаат розови регистарски таблички. Новите таблички ќе ги заменат сегашните бели ознаки што се користат за нови и увезени возила и ќе служат за спречување измами и злоупотреби.
Секоја година во Франција помеѓу 350.000 и 450.000 возила користат привремени таблички што важат најмногу четири месеци. Но, некои возачи продолжуваат да ги користат и по истекот на рокот.
Француската влада наведува дека измамите со регистарски таблички стануваат сè почести, па од првото тримесечје на 2026 година ќе бидат воведени новите, лесно препознатливи розови таблички. Ниту една друга земја во Европа не користи ваква боја и тоа не е случајно.
Розовите таблички се веднаш забележливи во сообраќајот, што им овозможува на полицијата и на царината полесна проверка на возилата со привремена регистрација. Дополнително, на самата табличка ќе биде испишан датумот на истекување, така што, службениците и автоматските камери за брзина ќе можат веднаш да утврдат дали возилото сè уште е легално на патиштата.
Извор:
n1Info.hr
Фото: Pixabay