Со оглед на тоа дека голем број возачи не знаат да се снајдат во стандардните кружни текови, можеби не е паметно да се запрашаме дали треба да воведеме уште еден вид од ова карактеристично решение за кружење. Но, холандските кружни текови може да се токму она што им е потребно на возачите бидејќи тие се многу поедноставни во практика.
Нивната главна карактеристика е што имаат велосипедска патека која е независна од средишното јадро на кружниот тек, односно надворешниот круг е одвоен од улицата, а се разликува и по бојата за да е појасно дека таму може да кружат само велосипедисти.
Како што веќе споменавме, овие кружни текови во практика се покажале како многу поедноставни со оглед на тоа дека велосипедистите кружат надвор, а автомобилите се сретнуваат со нив само на излезите од кружниот. Возилата мора да ги пропуштат велосипедистите, како и пешаците.
Смислата на постоењето на овие кружни текови е да се олесни сообраќајот и полесно да тече, како и да се заштитат велосипедистите бидејќи со ваквите кружни текови тие се оддалечуваат од моторните возила и така се избегнуваат судири. Покрај сето тоа, овие кружни текови се и попрегледни.
Останува само едукацијата - проблемот е во тоа што возачите не знаат дека велосипедистите имаат предност, па некогаш може да дојде до инциденти. Уште неколку земји ги усвоија овој вид кружни текови и тие се многу чести во земји како Франција, Белгија или Обединетото Кралство.
Извор:
Jutarnji