X
 31.12.2018 Живот

Пентагон сака да купи илјадници роботи за на боиштата

Производителите на роботи се борат за повеќе од половина милијарда долари кои би ги добиле со склучување договори со Пентагон за роботи што ќе одат во војни, каде што би уништувале бомби и би извидувале наместо војниците на бојното поле.

Според американските медиуми, војската на САД прави напори за набавка на илјадници роботи со големина на ранец, кои трупите би можеле да ги распоредуваат во опасни ситуации.

Овие роботи не се ботови-убијци способни за користење смртоносна сила автономно. Американските лидери се заинтересирани за посредни уреди кои ќе можат да вршат извидување и да деактивираат бомби.

Инвестициите делумно се предизвикани од страв дека меѓународните противници би можеле да доминираат во ова поле. Уште во мај началникот на штабот на американската армија, Марк Мили, предупреди дека Кина и Русија инвестираат многу и брзо во воздушни, копнени и водени ботови.

- Мојата лична процена е дека роботите ќе играат значителна улога во борбите за деценија или деценија и пол - рече тој.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот