На Меѓународната вселенска станица кластери од нервни клетки наречени мини-мозоци се развиваат на начини за кои научниците претходно мислеле дека се невозможни. Органоидите се израснати од матични клетки на Универзитетот во Калифорнија, а потоа биле спакувани во кутија и испратени во вселената, каде што, според биологот Алисон Мујотри, веројатно се размножуваат како луди.
Сега неговиот тим утврдил дека органоидите испуштаат мозочни бранови - сложени шеми на невронска активност - слични на оние кај предвреме родени бебиња. Тоа е бизарно откритие кое може да ги натера научниците одново да ги разгледаат ограничувањата на лабораториски израснатите мини-органи и етичките прашања поврзани со нив.
Мујотри ги ставил мини-мозоците на роботи во форма на пајаци за да ја чита нивната невронска активност. Резултатите може да се знак дека научниците се сè поблиску до можноста за генерирање на барем делумно свесен живот во лабораторија - развој на настаните кој долго време беше нешто повеќе од шпекулативна хорор-приказна.
- Колку повеќе се приближуваме до оваа цел, толку е поверојатно дека ќе добиеме мозок способен да чувствува болка, агонија и мака - истакна Кристоф Кок, главен научник и претседател на институтот „Ален Брeјн“.
Човечкиот мозок е толку сложен, што научниците сè уште нагаѓаат како функционираат многу работи. Затоа се развиваат мини-мозоци - тие се релативно едноставни топчиња неврони кои симулираат некои карактеристики на цели мозоци, но кои имаат одвај малку од нивните способности. Но, оваа нова студија, објавена во списанието „Сел“, посочува дека мини-мозоците би можеле да бидат посложени отколку што претходно се
мислеше.
- Некои мои колеги велат дека овие нешта никогаш нема да бидат свесни, но јас не сум толку сигурен - вели Мујотри.
Ако овие мозочни бранови се знак дека ограноидите би можеле да бидат способни за свесност, невронаучниците ќе треба да се справат со голема етичка дилема бидејќи експериментирањето потенцијално би значело создавање и уништување на самосвесна форма на живот слична на човечката. Но, можеби сè уште не сме стасани дотаму, предупредуваат биолозите.